Новогодишен коктел и подароци за најмладите генерации на ФК Кит Го (ФОТО)

Крајот на актуелната календарска година и дочекот на Новата 2020 година носи радост и за најмладите членови на нашето фудбалско семејство. Раководството на ФК Кит Го се одлучи завршувањето на активностите за 2019 година кај најмладите категории да го одбележи со новогодишен коктел, подготвувајќи и новогодишни подароци за сите генерации.



Новогодишни подароци добија дечињата од генерацијата Помлади петлиња (родени 2009, 2010 и 2011 година) од генерацијата Петлиња (родени 2007/08 година), како и помладите пионери и пионерите членови на ФК Кит Го.