Младинскиот репрезентативец Денковски е прво засилување на Кит Го за пролетната сезона

Младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски е првото засилување за Кит Го за пролетниот дел од шампионатот во Втората лига - Исток.

На ден пред крајот на актуелната календарска година, Кит Го и официјално се договори за ангажман на 19-годишниот голман кој доаѓа од редовите на прволигашот Академија Пандев.

Денковски, кој е 204 сантиметри висок чувар на мрежата, претходно беше дел и од скопски Вардар а од јуни 2018 година беше дел од првиот тим на Академија Пандев. Давид Денковски ги мина и сите младински национални селекции почнувајќи од 17 до 19 години. Сега е дел од младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година.