Кит Го се раздели со пет фудбалери

Пред почетокот на зимските подготовки и првите лекарски прегледи закажани за 8. јануари Кит Го се одлучи да се раздели со четворица фудбалери кои беа дел од тимот во пролетниот дел од шампионатот.

Од обврските за продолжението од сезоната во редовите на Кит Го се ослободени голманот Марио Сандевски, офанзивецот Андреј Симевски и фудбалерите од средниот ред, Марио Крстов, Мелих Шерифов и Трајче Ефремов.

Стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток за фудбалерите на Кит Го е закажан за 8. јануари во Штип. Согласно планот на стручниот штаб на чело со Емил Грнев, првите два дена се предвидени за лекарски прегледи по што ќе следи почетокот на тренинзите. Веќе се договорени и два пријателски натпревари за овој период од подготовките, на 25. јануари со Кожуф и на 31. јануари со Беласица во Дојран.

Од 2. февруари се заминува на подготовки во турскиот туристички центар Анталија каде ќе бидат одиграни четири пријателски натпревари. Противниците за истите дополнително ќе бидат одредени.

Генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот за фудбалерите на Кит Го ќе биде на 22. февруари со Пелистер.