Стартуваа подготовките за пролетниот дел: Договорен првиот противник во Анталија (ФОТО)

Фудбалерите на Кит Го, под водство на шефот на стручниот штаб Емил Грнев, ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од првенството во Втората лига - Исток.

Тимот денеска стартуваше со тренинзите за физичка подготовка, а веќе од престојниов викенд почнуваат активните двојни тренинзи. 

Од обврските за продолжението од сезоната се ослободени голманот Марио Сандевски, офанзивецот Андреј Симевски и фудбалерите од средниот ред, Марио Крстов, Мелих Шерифов и Трајче Ефремов.



Веќе се договорени и два пријателски натпревари за овој период од подготовките, на 25. јануари со Кожуф и на 31. јануари со Беласица во Дојран.

Од 2. февруари се заминува на подготовки во турскиот туристички центар Анталија каде ќе бидат одиграни четири пријателски натпревари. Познат е првиот противник на подготовките во Анталија - романскиот второлигаш Рипенсиа Тимошвар.

Генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот за фудбалерите на Кит Го ќе биде на 22. февруари со Пелистер.