Мичкоски од Брегалница ново засилување на Кит Го

Напаѓачот Тони Мичкоски е ново засилување на Кит Го за пролетниот дел од шампионатот во Втората лига - Исток.

18-годишниот Мичкоски доаѓа од редовите на штипска Брегалница каде настапуваше во есенскиот дел од сезоната. Мичкоски се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Емил Грнев веќе на денешниот прв собир на тимот.



Претходно Кит Го се засили и со младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски кој пристигна од редовите на Академија Пандев. Денковски, кој е 204 сантиметри висок чувар на мрежата, претходно беше дел и од скопски Вардар а од јуни 2018 година беше дел од првиот тим на Академија Пандев.

Од клубот, пак, заминаа голманот Марио Сандевски, офанзивецот Андреј Симевски и фудбалерите од средниот ред, Марио Крстов, Мелих Шерифов и Трајче Ефремов.