ФОТОГАЛЕРИЈА: Максимално позитивно расположение на првиот работен ден во новата година

Низ максимално позитивна атмосфера фудбалерите на Кит Го денеска ги почнаа подготовките за пролетниот дел од првенството во Втората лига - Исток.

Шефот на стручниот штаб Емил Грнев од првиот ден, на фитнес подготовките на тимот, располагаше и со двете досегашни засилувања, голманот Давид Денковски кој пристигна од Академија Пандев и офанзивецот Тони Мичкоски кој пристигна од Брегалница.

Во првата фаза од подготовките ќе се тренира во Македонија, а од 2. февруари тимот патува за Анталија.

Галерија