Завршена соработката и со Пашовски и Ристевски

За продолжението од сезоната во Втората лига - Исток стручниот штаб на Кит Го нема да смета и на голманот Горан Пашовски и десниот бек Никола Ристевски со кои е завршена соработката.

Од обврските претходно беа ослободени и голманот Марио Сандевски, офанзивецот Андреј Симевски и фудбалерите од средниот ред, Марио Крстов, Мелих Шерифов и Трајче Ефремов.

Две досега нови имиња во составот на Кит Го се Тони Мичковски, кој пристигна од Брегалница, и младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски кој пристигна од редовите на Академија Пандев.