Во очекување на првите пријателски натпревари (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Кит Го продолжуваат со активните тренинзи на стартот од подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток.

Избраниците на Емил Грнев тренинзите, кои се и во насока на физичка подготовка, ги реализираат на игралиштето во Бело Брдо во Штип, во очекување и на првите пријателски натпревари, најпрво со Кожуф на 25. јануари а потоа и со Беласица на 31. јануари во Дојран.

Од 2. февруари, како што е познато. се заминува на подготовки во турскиот туристички центар Анталија каде ќе бидат одиграни четири пријателски натпревари. Познат е првиот противник на подготовките во Анталија - романскиот второлигаш Рипенсиа Тимошвар.

Генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот за фудбалерите на Кит Го ќе биде на 22. февруари со Пелистер.

По крајот на есенскиот дел од Кит Го заминаа Горан Пашовски, Никола Ристевски, голманот Марио Сандевски, офанзивецот Андреј Симевски и фудбалерите од средниот ред, Марио Крстов, Мелих Шерифов и Трајче Ефремов. Две нови имиња се Тони Мичковски, кој пристигна од Брегалница, и младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски кој пристигна од редовите на Академија Пандев.

Галерија