Кит Го договори тест и со романска Универзитатеа Крајова во Анталија

Кит Го го договори и вториот противник за време на подготовките во Анталија, романската екипа Универзитатеа Крајова 1948.

Фудбалерите на Емил Грнев натпреварот против Универзитатеа Крајова 1948 ќе го одиграат на 7. февруари.

Кит Го на 2. февруари заминува на подготовки во турскиот туристички центар Анталија каде ќе бидат одиграни четири пријателски натпревари. Првиот противник на подготовките во Анталија е романскиот второлигаш Рипенсиа Тимошвар дуел кој ќе се игра на 4. февруари, а потоа следи натпреварот и со Универзитатеа Крајова.