Кит Го триумфално против Кожуф во Гевгелија

Фудбалерите на Кит Го со победа ги почнаа зимските подготовки, триумфирајќи во првиот тест дуел на гостувањето против Кожуф во Гевгелија со 0-1 (0-1).

Стрелец на победничкиот гол за Кит Го беше засилувањето од Брегалница, младиот Тони Мичковски уште во раната фаза од средбата.

Во далеку подобра игра од противникот, во второто полувреме шанси и за далеку поубедлива победа имаа Мичкоски, Ступиќ, Андонов, но резултатот остана непроменет. Во секој случај, на крајот, за сосема заслужена победа.



Кит Го на натпреварот во Гевгелија настапи во следниот почетен состав: Денковски, Антонов, Синев, Христов, Димоски, Ташков, Рајков, Алексоски, Андонов, Мичкоски и Ступиќ. Во второто полувреме играа уште: Богдановски, Најдов, Пановски, Дујовски и Николовски.