Против Беласица на СЦ „Истатов“ во Нов Дојран

Фудбалерите на Кит Го денеска ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар од стартот на зимскиот подготвителен циклус.

Составот на Емил Грнев денеска од 13 часот на стадионот на СЦ „Истатов“ во Нов Дојран ќе се соочи со лидерот по есенскиот дел во Втората лига - Исток, тимот на Беласица.

Како што е познато, во првиот контролен натпревар зимава Кит Го славеше со 0-1 на гостувањето против Кожуф во Гевгелија.