Реми без голови со Беласица на тестот во Нов Дојран

Фудбалерите на Кит Го одиграа без голови на пријателскиот натпревар со Беласица денеска на стадионот на спортскиот центар „Истатов“ во Дојран.

Составот на Емил Грнев низ уште еден квалитетен тест дуел, по онаа претходна победа од 0-1 против Кожуф во Гевгелија, сега ремизираа без голови со струмичани. Нашиот тим имаше неколку одлични можности за погодок, но на крајот мрежите на двата тима мируваа.

Ова е последна контрола за Кит Го пред неделното заминување за Анталија каде ќе биде реализирана централната фаза од подготовките.