Следи втората фаза од подготовките: Кит Го замина за Анталија (ФОТО)

По реализацијата на првата фаза од подготовките, фудбалерите на Кит Го денеска отпатуваа за Анталија каде следи вториот дел од подготовките за пролетниот шампионат во Втората лига - Исток.



Тимот на Емил Грнев во Анталија ќе одигра и четири пријателски натпревари. По пристигнувањето во турскиот туристички центар веќе е договорен и првиот тест дуел против романскиот второлигаш Рипенсиа Тимошвар дуел кој ќе се игра на 4. февруари. Следниот противник, на 7. февруари, ќе биде романската Универзитатеа Крајова 1948.