Одработен првиот тренинг во Анталија... Максимално од стартот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Кит Го, по пристигнувањето во Анталија денеска го одработија и првиот тренинг во турската подготвителна база во спортскиот центар во областа Лара Кунду во непосредна близина на Анталија.

Идеални услови за тренинг има составот на Емил Грнев во желбата за што подобра подготовка за пролетниот дел од шампионатот.

Кит Го во Анталија ќе одигра и четири пријателски натпревари. Првиот тест дуел против романскиот второлигаш Рипенсиа Тимошвар дуел ќе се игра веќе утре, а следниот противник, на 7. февруари, ќе биде романската Универзитатеа Крајова 1948.

Галерија