Пораз од Рипенсиа со гол во последните минути на првиот тест во Анталија

Фудбалерите на Кит Го загубија на првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија. Во рамноправен меч, Кит Го доживеа пораз од 1-2 (0-1) до романскиот второлигаш Рипенсиа Тимошвар.

Романците поведоа со гол од пенал во првото полувреме, и покрај тоа што иницијативата на теренот беше на страната на Кит Го. Подобрата игра вроди со плод во 50. минута кога Бошко Ступиќ израмни на 1-1. Сепак, романскиот состав до триумфот дојде со гол во 87. минута од средбата.



Шефот на стручниот штаб Емил Грнев, натпреварот го почна со следниот состав: Денковски, Димоски, Гогов, Христов, Антонов, Дујоски, Алексовски, Пановски, Андонов, Мичковски, Ступиќ. Во второто полувреме шанса добија и Тиквешанец, Ташков, Најдов.

Следниот противник на Кит Го на подготовките во Анталија е романскиот тим Универзитатеа Крајова 1948, дуел кој е закажан за петок (7. февруари).