Бојан Ѓорѓиевски е најновото засилување на Кит Го!

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Бојан Ѓорѓиевски е најновото засилување на Кит Го за пролетниот дел од сезоната.

28-годишниот десен бек, со исклучително богата досегашна кариера, се договори за трансфер од Шкупи во редовите на Кит Го. Ѓорѓиевски веќе се приклучи на тимот на подготовките во Анталија.

Бојан Ѓорѓиевски, кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, покрај за најтрофејниот македонски клуб има настапи и за Металург, Победа, Работнички и Хоризонт Турново на домашната сцена, како и за белорускиот БАТЕ Борисов, летонската Сконто Рига, бугарскиот Нефтохимик, српскиот суперлигаш Мачва како и албанскиот прволигаш Теута. Последен негов клуб беше Шкупи од каде сега се сели во Кит Го.

Претходно Кит Го се засили и со Тони Мичковски од Брегалница, како и голманот Давид Денковски од Академија Пандев.