Грнев пред последниот меч на подготовките во Анталија: „Уште една средба за согледување на позитивните и негативните страни“

Фудбалерите на Кит Го денеска против грузискиот Динамо Зугдиди го играат последниот пријателски натпревар на подготовките во Анталија.

Шефот на стручниот штаб Емил Грнев верува дека и овој тест дуел ќе биде само во насока на дополнително засилување на сликата за формата на тимот пред финалните подготовки за стартот на пролетниот дел од сезоната.

„Го играме последниот натпревар на подготовките во Анталија со екипата на Зугдиди од Грузија. И овој дуел верувам ќе ни донесе дополнителна слика околу позитивните, но и негативните страни во играта кои се надевам ќе ги отстраниме до стартот на пролетниот дел од сезоната. Со претходните три натпревари ја реализиравме зацртаната цел, верувам дека и денешниот натпревар ќе биде плус во таа насока“ - вели Грнев.

По овој натпревар, и утрешниот дополнителен тренинг ден, експедицијата на Кит Го во сабота се враќа од Анталија.