Николовски доби повик од Станиќ за настап во репрезентацијата до 19 години

Младиот фудбалер на Кит Го, Анџело Николовски доби повик за настап во младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години.

Селекторот на селекцијата до 19 години, Горан Станиќ, испрати повик до Николовски кој треба да се јави на собирот на националниот тим на 23. февруари во Скопје, за тест дуелите со соодветната репрезентација на Грузија.

Пријателските натпревари со Грузијците се закажани за 26. и 28. февруари во Скопје.