Максимално активно на тренинзите во очекување на стартот на пролетта (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Кит Го максимално активно ги продолжуваат подготовките за стартот на пролетниот дел од сезоната во Втората лига - Исток.

Составот на Емил Грнев и денеска одвои мигови за тактичка-техничка подготовка, темпирајќи ја формата за вториот дел од шампионатот.

Генералниот тест за Кит Го ќе биде на 22. февруари против Пелистер. Пријателскиот натпревар ќе се игра на стадионот „Тумбе кафе“ во Битола. Во првото пролетно коло Кит Го се соочува со Брегалница на гостувањето во Штип.

Галерија