Победа над Пелистер во Битола во последниот контролен меч

Фудбалерите на Кит Го на најдобар можен начин го завршија подготвителниот циклус, со победа на генералниот тест пред стартот на пролетта. Кит Го славеше со 0-1 на гостувањето против Пелистер во Битола.

Стрелец на победничкиот гол за Кит Го беше Дарко Алексовски во 68. минута од пенал, откако во домашниот шеснаесетник беше соборен Ступиќ.

Кит Го на денешниот тест дуел во Битола настапи во следниот состав: Деновски, Ѓоргиевски, Христов, Рајков, Димоски, Дујовски, Алексовски, Андонов, Пановски, Најдов и Ступиќ.