Васко Мавров главен судија на натпреварот со Брегалница

Васко Мавров ќе биде главен судија на натпреварот од 15. коло во Втората лига - Исток меѓу Брегалница и Кит Го кој на Градскиот стадион во Штип ќе се игра во сабота (29. февруари) со почеток од 17 часот.

На Мавров ќе му помагаат Новачев и Стојан Костадинов. Четврти судија на натпреварот ќе биде Игор Иванов од Велес, а делегат Благоја Петров од Велес. Контролор на судењето ќе биде Ацо Мировски од Скопје.