Натпреварот со Брегалница во Штип од 14 часот, без публика

Натпреварот од првото пролетно коло меѓу Брегалница и Кит Го утре на Градскиот стадион во Штип ќе се игра со почеток од 14 часот, без публика.

По добиената препорака од Владата до сите спортски институции поради коронавирусот, натпреварите во периодот до 6. март мора да се играат без присуство на публика. Токму поради тоа Фудбалската федерација на Македонија официјално потврди дека сите натпревари од 21. коло на Прва МФЛ и 15. коло на Втора МФЛ - Исток и Запад викендов ќе се одиграат без присуство на публика. 

По оваа одлука, променет е и терминот на одигрување на натпреварот меѓу Брегалница и Кит Го. Па, место првичниот термин од 17 часот, ќе се игра од 14 часот.