Минимален пораз од Брегалница во првото пролетно коло

Фудбалерите на Кит Го со пораз ја почнаа пролетната сезона во Втората лига - Исток. Кит Го загуби минимално со 1-0 на гостувањето против Брегалница во Штип, во дерби пресметката од 15. коло во Втората лига - Исток.

Во квалитетен натпревар на Градскиот стадион во Штип, кој се одигра без публика поради препораката од Владата за превенција од коронавирусот, единствениот гол на мечот го постигна Пепи Ѓоргиев во 63. минута од натпреварот.

Во првото полувреме Кит Го имаше шанса и да поведе со 0-1, но остана нереализирана шансата на Христов. Низ вторите 45 минути, главно со игра на средината од теренот, сепак домашните беа поумешни стигнувајќи до трите бода.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (15. КОЛО)
БРЕГАЛНИЦА - КИТ ГО 1-0 (0-0)

Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелец: Ѓоргиев 63' (Б).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК  - 15. КОЛО
Тиквеш - Каменица Саса 4-0
Плачковица - Кожуф 1-1
Брегалница - Кит Го 1-0
Осогово - Беласица 0-2
Питу Гули - Победа 2-2