Дејан Младеновски од Скопје ќе го суди дербито со Тиквеш

Дејан Младеновски од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот меѓу Кит Го и Тиквеш кој утре (7. март) од 14 часот се игра на Градскиот стадион во Пехчево.

На Младеновски ќе му помагаат сограѓаните Видиниќ и Џиковски, а четврти судија е Кристијан Ѓуровски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот е Павле Игнатов од Пробиштип, а контролор - Бранко Манојлоски од Тетово.