Реми на дербито со Тиквеш: Во финишот изгубени трите бода

Кит Го ремизираше со Тиквеш во дерби пресметката од 16. коло во Втората лига - Исток. Фудбалерите на нашиот тим, во тензичен натпревар со многу борба и пожртвуваност, одиграа 1-1 и покрај тоа што во поголемиот дел од средбата имаа предност од 1-0.

Уште во раната фаза од натпреварот Кит Го поведе со голот на Дарко Алексовски во 11. минута. Алексовски изведе слободен удар од левата страна од повеќе од 30 метри. Нафрли пред голот на гостите, топката не успеа да ја зафати ниту еден од фудбалерите во шеснаесетникот, незгодно отскокна и отседна под гредата од голот на Тиквеш.

По ова водство, сосема очекувано противничките фудбалери далеку пожестоко тргнаа во обидот за израмнување, на моменти и со повеќе од неопходната жештина. Но, избраниците на Емил Грнев успешно се бранеа од атаците, преку контра напади загрозувајќи го голот на Тиквеш. Сепак, не издржаа во 82. минута кога по нафрлањето од левата страна, на вториот дирек Методија Делов осамен стрелаше од непосредна близина за конечни 1-1.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (16. КОЛО)
КИТ ГО - ТИКВЕШ 1-0 (1-0)

Градски стадион во Пехчево. Натпревар без публика. Стрелец: Дарко Алексовски 11' (КГ)


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (16. коло)
Беласица - Питу Гули 2-0
КИТ ГО - Тиквеш 1-1
Победа - Брегалница 0-2
Кожуф - Осогово 1-0
Каменица Саса - Плачковица 3-0