Статистика по одиграните 16 кола: Ступиќ е стрелец број еден, најголема минутажа за Алексовски, најголема победа против Саса

Во моментите на борба со коронавирусот, Ковид-19, секој член на фудбалскиот клуб Кит Го, максимално почитувајќи ги мерките за превенција а во очекување на идните одлуки околу продолжувањето на првенството во Втората лига - Исток, индивидуалните тренинзи ги реализира во домашна атмосфера. Како општествено одговорен колектив Кит Го и досега и во иднина максимално ќе придонесува за што побезбелно надминување на најголемиот предизвик за светот во изминатите 100 години.

А, се до продолжението на шампионатот, и мала статистичка анализа за досега одиграните 16 кола од натпреварувањето во Втората лига - Исток:

- ФК КИТ ГО по одигра 16 кола е на делба на третата позиција на табелата со 31 бод, колку и Тиквеш, притоа со 9 победи, 4 нерешени резултати и 3 порази.

- Во 16 натпревари фудбалерите на КИТ ГО постигнале вкупно 23 погодоци, а примени се 13, со позитивна гол-разлика од +10 погодоци.

- Најдобар стрелец на екипата, предводена од тренерот Емил Грнев, е Бошко Ступиќ со 6 погодоци. По 4 гола досега постигнаа Петар Најдов и Дарко Алексовски, а три гола има зад името на Александар Пановски.



- Најголема минутажа има Дарко Алексовски кој ги одигра сите 16 натпревари, и вкупно 1460 минути одиграни. Веднаш зад него со најголема минутажа се Бошко Ступиќ, Оливер Христов, Бојан Рајков и Мартин Димоски.

- Највисока победа остварена е во Македонска Каменица против екипата на Саса со резултат 0-3 во рамки на 8. коло. Два гола постигна Александар Пановски а еден гол запиша Владимир Дујовски.

- Во рамки на 10. коло во Пехчево е совладан и лидерот на табелата, екипата на Беласица, со 2-0. Двата погодоци ги постигна Дарко Алексовски.