Новата сезона во Втората лига стартува на 22. август

Новата натпреварувачката сезона 2020/2021 во второлигашката конкуренција ќе стартува на 22. август, одлучи денеска Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. 

Согласно календарот за натпреварување, Втората лига, во двете конкуренции ќе стартува на 22. август. Претходно, на почетокот од следниот месец ќе следи и стартот на подготовките на фудбалерите на ФК Кит Го.

ФФМ донесе одлука и 1/16-финалните натпревари од Купот на Македонија да започнат на 23. септември.

Според одлуката на УО на ФФМ, пак, летниот преоден рок ќе трае цели дванаесет седмици, завршувајќи на 6. септември 2020 година.