Кит Го во петок ги стартува подготовките, договорени шест пријателски натпревари

Фудбалерите на Кит Го, по четири месеци пауза, во петок (10. јули) во својата база во Пехчево ги стартуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона во Втората лига - Исток.

Предводени од шефот на стручниот штаб, Емил Грнев, фудбалерите во петок активно почнуваат со подготовките низ кои ќе бидат одиграни и шест пријателски натпревари.

Првиот тест дуел ќе биде со Брегалница на 18. јули, а генералката ќе биде против Кожуф на 15. август. Првенството во Втората лига - Исток, според одлуката на Натпреварувачката комисија на ФФМ, ќе стартува на 22. август.

ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ФК КИТ ГО ВО ЛЕТНИОТ ПОДГОТВИТЕЛЕН ПЕРИОД:
18. јули: КИТ ГО - Брегалница
25. јули: КИТ ГО - Плачковица
28. јули: КИТ ГО - Ак. Пандев
1. август: КИТ ГО - Осогово
8. август: КИТ ГО - Кадино
15. август: КИТ ГО - Кожуф