Грнев прозиваше: Фудбалерите на Кит Го ги почнаа подготовките (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Кит Го ги почнаа подготовките за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига - Исток.

Во својот тренинг центар во Пехчево, избраниците на Емил Грнев го одржаа првиот собир веднаш реализирајќи го и стартниот тренинг летово.

Веќе се договорени и шест пријателски натпревари пред стартот на сезоната. Првиот тест дуел ќе биде против Брегалница на 18. јули во Пехчево.

Галерија