Алпај Јусуф од Силекс најново засилување на Кит Го

Подготвувајќи се за новата сезона, Кит Го го ангажираше досегашниот фудбалер на кратовски Силекс, Алпај Јусуф.

22-годишниот фудбалер во следната сезона треба да го засили средниот ред на нашиот тим. Јусуф, кој е и поранешен фудбалер на Милано и Локомотива, минатата сезона запиша десет настапи за првиот тим на Силекс кој се избори за настап во Лигата на шампионите.

Претходно, Кит Го се засили и со четворица млади фудбалери од Брегалница, 21-годишниот голман Мартин Давков, 19-годишниот фудбалер од средниот ред, Марио Рунтев. како и 18-годишните Александар Алексов и Никола Митев.