Во 1. коло против Победа на гостински терен

Кит Го во 1. коло од новата сезона во Втората лига - Исток ќе гостува на прилепска Победа.

Денешната ждрепка во просториите на ФФМ одлучи, избраниците на Емил Грнев да стартуваат со гостување на Победа на мечот кој ќе се игра на 22. август.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (1. КОЛО)
Победа - КИТ ГО
Каменица Саса - Брегалница
Росоман - Слога Виница
Плачковица - Тиквеш
Кожуф - Осогово