Стојчевски од Скопје ќе ја дели правдата против Победа

Игор Стојчевски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот од 1. коло во Втората лига - Исток кој во сабота (22. август) од 17 часот фудбалерите на Кит Го го играат против прилепска Победа.

На стадионот „Могила“ во Прилеп, на Стојчевски ќе му помагаат сограѓаните Ѓошевски и Недевски, а четврти судија ќе биде Христијан Божиновски. Делегат на натпреварот ќе биде Јовче Попоски од Охрид, а контролор - Пеце Карапалевски од Ресен.