Грнев: Кит Го и оваа сезона на секој натпревар ќе игра на гол повеќе, така ќе биде и во Прилеп

Фудбалерите на Кит Го со гостувањето на Победа во Прилеп ги почнуваат натпреварите од новата сезона во Втората лига - Исток.

Денеска од 17 часот на стадионот „Могила“ во Прилеп пехчевци со отворена желба за добар фудбал, квалитетно издание и секако бодови од пресметката со Победа.

„Се надевам на добар старт во новото првенство. По шест месеци пауза секако сите фудбалери со нетрпение го очекуваат официјалното враќање на терените, желни за докажување и освојување бодови. Максимално ја почитуваме Победа, но и ние си имаме свои математики пред овој натпревар. Како и претходната сезона, Кит Го и оваа на секој натпревар ќе игра на гол повеќе. Без сомнение ќе атакуваме на три бода во Прилеп“ - вели шефот на стручниот штаб на Кит Го, Емил Грнев.

Игор Стојчевски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот а ќе му помагаат сограѓаните Ѓошевски и Недевски. Четврти судија ќе биде Христијан Божиновски. Делегат на натпреварот ќе биде Јовче Попоски од Охрид, а контролор - Пеце Карапалевски од Ресен.