Пораз на гостувањето против Победа на стартот од сезоната

Фудбалерите на Кит Го доживеаја пораз на стартот од новата сезона во Втората лига - Исток. Избраниците на Емил Грнев на гостувањето против Победа во Прилеп загубија со 4-1 (4-0).

Победникот на натпреварот беше решен уште во првото полувреме. Веќе во 9. минута Давид Јошески директно од слободен удар од 20 метри донесе водство од 1-0 за Победа. Во 15. минута домашните дојдоа до предност и од 2-0.

Во 18. минута Алексовски се најде во одлична шанса но домашниот голман одбрани. Па по неколку промашувања на фудбалерите на Кит Го, следи нова казна на спротивната страна. Роберт Димитријевски во 37. минута со шут откосо од 15 метри донесе предност и од 3-0 за прилепчани, за да во 40. минута и Дарко Анѓелески од пенал се запише во листата на стрелците.

Во второто полувреме, далеку подобра игра на нашите фудбалери. Неколку одлични шанси, но успеа да реализира Бошко Ступиќ во 90. минута за почесен погодок.

ПОБЕДА - КИТ ГО 4-1 (4-0)
Стадион на Могила во Прилеп. Натпревар без публика. Стрелци: Јошески 9', Димоски 15', Димитријевски 37', Анѓелески 40'(п) (П) - Ступиќ 90' (КГ).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (1. КОЛО)
Каменица Саса - Брегалница 0-1
Плачковица - Тиквеш 0-1
Победа - КИТ ГО 4-1
Кожуф - Осогово 2-0
Росоман - Слога Виница 2-1