Судиска тројка од Тетово за натпреварот против Осогово

Фуркан Идризи од Тетово ќе биде главен судија на натпреварот од 2. коло во Втората лига - Исток меѓу Кит Го и Осогово кој ќе се игра во недела (30. август) со почеток од 16:30 часот на Градскиот стадион во Пехчево.

На Идризи ќе му помагаат сограѓаните Александар Ѓорѓески и Хабиљ Љиворека. Четврти судија е Александар Урошевиќ, исто така од Тетово. Делегат на натпреварот ќе биде Јовица Илиевски од Скопје, а контролор - Тони Стојановски од Скопје.