Ѓуровски од Скопје ќе ја дели правдата на мечот со Росоман

Кристијан Ѓуровски од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот од 3. коло во Втората лига - Исток меѓу Росоман и Кит Го кој се игра во сабота (12. септември) со почеток од 16 часот.

На Ѓуровски ќе му помагаат сограѓаните Мервин Топојани и Горан Милошевски, а четврти судија ќе биде Миле Лазов од Неготино. Делегат на натпреварот ќе биде Јакуп Ќазимовски од Лабуништа, а контролор - Илчо Јорданоски од Прилеп.