Алексовски и Јусуф за бод од гостувањето во Росоман

Фудбалерите на Кит Го заслужија победа на гостувањето против Росоман во 3. коло од Втората лига - Исток, но стигнаа до реми (2-2) благодарение на голот на Јусуф во последните минути од средбата.

Домашните поведоа со голот на Миланов во 27. минута, но низ далеку подобра игра од противникот, Кит Го израмни со погодокот од пенал на Дарко Алексовски во 33. минута од средбата. Во продолжението можност и за водство на Кит Го пред паузата, но Алексовски не успеа да погоди повторно од белата точка во 45. минута.

Во второто полувреме, фудбалерите на Росоман поведоа преку Дуков во 48. минута. Сепак, Кит Го со голот на Алпај Јусуф во 88. минута сосема заслужено стигна до израмнување и бод од ова гостување.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (3. КОЛО)
Росоман - КИТ ГО 2-2 (1-1)

Натпревар без публика: Стрелци: Миланов 27', Дуков 48' (Р) - Алексовски 33'(п), Јусуф 88' (КГ)

РЕЗУЛТАТИ - 3. КОЛО
Кожуф - Брегалница 1-2
Росоман - Кит Го 2-2
Осогово - Тиквеш 0-3
Каменица Саса - Победа 1-0
Плачковица - Слога Виница 0-1