Кит Го против Скопје во 1/16-финалето од Купот на Македонија

Кит Го ќе игра против Скопје во 1/16-финалето од Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Четирите полуфиналисти од минатата сезона во Купот на Македонија, Брегалница, Шкендија, Академија Пандев и Струга Трим Лум, пак, за новата сезона обезбедија директно место во осминафиналето, па ќе бидат слободни во 1/16-финалето.

Поради пандемијата со Covid-19 ќе има променет формат и сè до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.

Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23. септември од 15:30 часот. Кит Го ќе биде домаќин на Скопје во Пехчево. Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а четвртфиналните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.


КУП НА МАКЕДОНИЈА (1/16-ФИНАЛЕ)
Велазерими – Работнички
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар Скопје
KИТ ГО – Скопје
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Победа – Македонија ЃП
Љуботен – Пелистер
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица