Мавров од Струмица ќе ја дели правдата на дуелот против Тиквеш

Васко Мавров од Струмица ќе биде главен делител на правдата на дерби натпреварот од 4. коло во Втората лига - Исток меѓу Кит Го и Тиквеш кој се игра утре со почеток од 15:30 часот на Градскиот стадион во Пехчево.

На Мавров ќе му помагаат сограѓаните Костадинов и Шопов, а четврти судија ќе биде Сашко Ристов, исто така од Струмица. Делегат на натпреварот ќе биде Боби Стевковски од Скопје, а контролор - Слободан Стојсављевиќ од Прилеп.