Убедлив пораз од Тиквеш

Фудбалерите на Кит Го немаа сила да се спротистават на фаворитот Тиквеш во натпреварот од 4. коло во Втората лига - Исток. Кавадарчани триумфираа во Пехчево со убедливи 0-3.

Гостите, по почетниот притисок, до предност стигнаа со автоголот на Бошко Ступиќ во 28. минута, а по една несигурна интервенција на домашниот голман, Христов од непосредна близина во 35. минута зголеми на 0-2.

Во второто полувреме, Тиквеш конечните 0-3 ги постави во 70. минута со погодокот на Ванче Шиков.

Во следното, 5. коло, од шампионатот, избраниците на Емил Грнев ќе гостуваат на Каменица Саса во Македонска каменица.

КИТ ГО - Тиквеш 0-3 (0-3)
Градски стадион во Пехчево. Натпревар без публика. Стрелци: Ступиќ (аг) 28', Христов 35', Шиков 70' (Т).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (4. коло)
Кит Го - Тиквеш 0-3
Слога Виница - Кожуф 1-1
Росоман - Каменица Саса 3-2
Победа - Плачковица 0-0
Брегалница - Осогово (19 ч.)