Повторно Ѓуровски на центарот и на мечот против Каменица Саса

Кристијан Ѓуровски од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот од 5. коло во Втората лига - Исток меѓу Каменица Саса и Кит Го кој се игра утре (26. септември) со почеток од 15:30 часот во Македонска каменица.

На Ѓуровски ќе му помагаат сограѓаните Милошевиќ и Здравев, а четврти судија ќе биде Александар Василевски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Тони Николовски од Скопје, а контролор - Орданчо Ангелов од Неготино.

Ѓуровски беше главен судија и на натпреварот од 3. коло на Кит Го, во ремито (2-2) на гостувањето против Росоман.