Рунтев: Одличното издание од мечот со Скопје сега да го продолжиме во Македонска Каменица

Гостувањето против Саса во Македонска Каменица денеска од 15:30 часот во 5. коло од Втората лига - Исток, е нов момент за фудбалерите на Кит Го да го демонстрираат уште еднаш својот фудбалски потенцијал.

По победата против лидерот во Втората лига - Запад, екипата на Скопје, во 1/16-финалето од Купот на Македонија дефинитивно сега постои мотив плус за максимално надигрување и со Саса.

„По победата на Куп натпреварот против Скопје има позитивна атмосфера во тимот. Среќен сум што го постигнав победничкиот гол за победа но мора да нагласам дека сепак најважен е пласманот во осминафиналето. Благодарност до тренерот Емил Грнев кој сезонава навистина ни дава шанса на нас помладите играчи во тимот. Кит Го е екипа која се темели на младоста и сите ние максимално се обидуваме да ја оправдаме довербата на секој натпревар. Очекуваме да продолжиме и против Саса со доброто издание од дуелот против Скопје, и да се вратиме со позитивен резултат од Македонска каменица“ - вели стрелецот на победничкиот гол против Скопје, 19-годишниот Марио Рунтев.