Извонредна победа на гостувањето против Саса во Македонска Каменица

По пласманот во осминафиналето од Купот на Македонија продолжува победничкиот ритам на фудбалерите на Кит Го кои славеа со 2-3 на гостувањето против Каменица Саса во 5. коло од Втората лига - Исток.

Одличната игра во првото полувреме на избраниците на Емил Грнев вроди со плод во 37. минута кога Дарко Алексовски по прекрасната акција со Марио Рунтев постигна ефектен гол за водство од 0-1.

Во второто полувреме, домашните израмнија со голот на Илија Донов во 55. минута, но веќе во 72. минута Зоран Андонов ја врати предноста. Веќе во 77. минута, Владимир Дујовски погоди и за 1-3, јасно навестувајќи го победникот на натпреварот.

Фудбалерите на Каменица Саса со голот на Филип Гоцевски во 90. минута успеаја само да го ублажат поразот.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (5. КОЛО)
Каменица Саса - КИТ ГО 2-3 (0-1)

Градски стадион во Македонска Каменица. Натпревар без публика. Стрелци: Донов 55', Гоцевски 90' (КС) - Алексовски 37', Андонов 72', Дујовски 77' (КГ).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (5. КОЛО)
Тиквеш - Брегалница 1-1
Саса Каменица - Кит Го 2-3
Кожуф - Победа 2-1
Осогово - Слога Виница 1-1
Плачковица - Росоман 3-0