Судиска тројка од Прилеп на центарот против Брегалница во 6. коло

Влатко Илиоски од Прилеп ќе биде главен судија на натпреварот од 6. коло во Втората лига - Исток против Брегалница кој се игра в недела (4. октомври) од 15 часот на Градскиот стадион во Пехчево.

На Илиоски ќе му помагаат сограѓаните Мишески и Конески, а четврта судијка ќе биде Ирена Велевачковска од Прилеп. Зоран Јангеловски од Македонска Каменица ќе биде делегат на натпреварот, а контролор - Бранко Манојлоски од Тетово.