Минимален пораз од Брегалница во 6. коло

Кит Го го доживеа и третиот пораз во новата сезона од Втората лига - Исток, овој пат на домашен терен од Брегалница со 0-1 во 6. коло.

Гостите до победата дојдоа благодарение на погодокот од слободен удар на поранешниот фудбалер на Кит Го, Мартин Стојанов во 35. минута од средбата.

Во второто полувреме гостинските фудбалери успеаја да ја одржат предноста, и покрај обидите на избраниците на Емил Грнев да дојдат до израмнување.


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (6. коло)
Кит Го - БРЕГАЛНИЦА 0-1 (0-1)

Градски стадион во Пехчево. Натпревар без публика. Стрелец: М. Стојанов 35' (Б)



ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (6. коло)
Кит Го
- Брегалница 0-1
Слога Виница - Тиквеш 1-3
Победа - Осогово 1-1
Росоман - Кожуф 1-2
Каменица Саса - Плачковица 1-0