Судиска тројка од Скопје на утрешниот натпревар против Плачковица во Радовиш

Дарко Стојчевски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот од 7. коло во Втората лига - Исток меѓу Плачковица и Кит Го кој утре од 15 часот се игра во Радовиш.

Саше Тошевски и Владимир Арсовски, исто така од Скопје, ќе бидат првите асистенти, а четврти судија е Христијан Божиновски. Делегат на натпреварот ќе биде Исљам Исмаили од Кичево, а контролор - Жарко Тодоровски од Охрид.