Христов донесе триумф на секогаш „жешкото“ гостување во Радовиш

Фудбалерите на Кит Го дојдоа до повеќе од значајна победа на секогаш тешкото гостување против Плачковица во Радовиш, славејќи со 0-1 во 7. коло од Втората лига - Исток.

Избраниците на Емил Грнев одиграа квалитетен натпревар, тактички и технички комплетно надмудрувајќи го противникот за на крајот сосема заслужена победа.

По главно израмнетото прво полувреме, во кое Кит Го имаше свои шанси, погодокот вреден три бода следеше во вториот дел кога во 55. минута погоди Оливер Христов.

До крајот на средбата, јалови обиди на домашните да дојдат до израмнување, наспроти рутинската контрола на играта и резултатот на нашите фудбалери за конечна победа.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (7. коло)
Плачковица - КИТ ГО 0-1 (0-0)

Градски стадион во Радовиш. Натпревар без публика. Стрелец: Оливер Христов 55' (КГ).



ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (7. коло)
Плачковица - Кит Го 0-1
Брегалница - Слога Виница 6-1
Тиквеш - Победа 3-0
Осогово - Росоман 5-4
Кожуф - Каменица Саса 1-1