Младеновски од Скопје ќе ја дели правдата на мечот против Слога Виница

Дејан Младеновски од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот од 8. коло во Втората лига - Исток меѓу Кит Го и Слога Виница кој во сабота (17. октомври) се игра со почеток од 14:30 часот на Градскиот стадион во Пехчево.

На Младеновски ќе му помагаат сограѓаните Дарко Костадиновски и Билјана Младенова, а четврти судија ќе биде Бењамин Ќерими, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Ристо Танев од Гевгелија, а контролор - Кире Ќулумовски од Ресен.