Алексовски: Ќе дадеме се од себе бодовите да останат во Пехчево

По одличната игра и победата на гостувањето против Плачковица во Радовиш, фудбалерите на Кит Го утре од 14:30 часот во 8. коло од Втората лига - Исток на домашен терен го пречекуваат тимот на Слога Виница.

Отворена е желбата меѓу фудбалерите за ново квалитетно издание и бодови и против новиот второлигаш.

„Ќе дадеме се од себе бодовите да останат во Пехчево. Најважно е дека нема повредени, сите сме подготвени повторно за максимално издание. Добро го анализиравме противникот, Слога Виница е добар тим и сигурно очекуваме квалитетен дуел со позитивен резултат за нас“ - вели Дарко Алексовски.

Дејан Младеновски од Скопје ќе биде главен делител на правдата а ќе му помагаат сограѓаните Дарко Костадиновски и Билјана Младенова. Четврти судија ќе биде Бењамин Ќерими, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Ристо Танев од Гевгелија, а контролор - Кире Ќулумовски од Ресен.