Без победник на мегданот против Слога Виница (1-1)

Фудбалерите на Кит Го беа блиску до нов триумф во шампионатот од Втората лига - Исток, но успеаја само до реми (1-1) со Слога Виница на натпреварот од 8. коло кој се одигра на Градскиот стадион во Пехчево.

Во главно израмнет натпревар, избраниците на Емил Грнев одржуваа контрола на играта на средината од теренот. Се издвоија неколку можности уште во првото полувреме, но водството од 1-0 следеше во 71. минута. По корнерот од левата страна, во мешаницата пред голот на гостите одлично се снајде Оливер Христов кој од само неколку метри стрелаше за предност.

Но, по само пет минути игра Слога Виница успеа да израмни со погодокот на Антонио Бујчевски. До крајот, фудбалерите на Кит Го низ континуирани атаци се обидоа да дојдат и до трите бода но резултатот остана непроменет.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (8. коло)
КИТ ГО - Слога Виница 1-1 (0-0)

Градски стадион во Пехчево. Натпревар без публика. Стрелци: Христов 71' (КГ) - Бујчевски 76' (С).

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (8. коло)
Кит Го - Слога Виница 1-1
Победа - Брегалница 1-2
Росоман - Тиквеш 0-4
Каменица Саса - Осогово 0-0
Плачковица - Кожуф 1-1